Тодороски е во врвна форма, наскоро се очекува и повикот од Македонија!

Македонскиот фудбалер Андреј Тодороски повторно го привлекува вниманието на јавноста во српското фудбалско првенство, каде периодов е во одлична форма и бележи одлични настапи за својот тим, ТСЦ Бачка Топола. 

Тодороски постигна пет голови на последните четири натпревари, со што повторно се наметнува како потенцијален репрезентативец на Македонија. 

Српските медиуми на големо пишуваат за неговата форма, а воедно и жалат што не беше во сличен ритам во текот на целата сезона. Тодороски веќе зборуваше за евентуалните настапи за Македонија, но уште се доработуваат административните процедури, по што ќе може да биде дел од нашите „рисови“. 

Остаува веројатно и нашата федерација малку да ги забрза работите, за да можеме што поското да го имаме Тодороски на располагање за следните репрезентативни предизвици. 27-годишниот Македонец сезонава стигна до бројката од осум голови и шест асистенции