ВИДЕО: Тодор Тодороски запиша првенец во албанската Суперлига!

Македонскиот интернационалец Тодор Тодороски го постигна првиот гол во албанската Суперлига.

Фљамуртари дома загуби од Егнатиа (1-2), а Тодороски го даде единствениот гол за домаќините. Погоди на убав начин во 85. минута за израмнување, меѓутоа неговиот тим не издржа до финишот.

Тодор Тодороски се врати од повреда и влезе во првиот тим на Фљамуртари. Четири меча во низа игра по 90 минути, а голот е награда за добрата лична форма.