Тодор Тодороски си заминува од албански Фљамуртари

Македонскиот фудбалер Тодор Тодороски во новата година ќе има нов клуб затоа што договори раскин со албанскиот суперлигаш Фљамуртари.

26-годишниот десен бек беше дел од клубот од месец јули, но тргнува во нов предизвик. За Фљамуртари одигра 13 натпревари, на кои даде два гола.

Тодороски во кариерата играше и за романски Поли Јаши, унгарски ЗТЕ, азербејџански Сумгајит, словачки Серед, хрватски Осијек, српски Раднички и македонските екипи Вардар, Металург, Кожуф и 11 Октомври.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.