Тодор Тодороски се најде во идеалниот тим на колото во Романија

Македонскиот репрезентативец, Тодор Тодороски, се најде во идеалниот тим на колото во најдобриот романски шампионат, каде настапува за екипата на Политехника Јаши

24-годишниот десен бек ги одигра сите 90 минути во победата на неговиот тим со 3-1 над Рапид Букурешт и доби оценка 6,8, со што си заслужи место во најдобрите единаесетмина за 27. коло. 

Тодороски пристигна во Романија во текот на зимскиот преоден рок, а претходно настапуваше за тимот на Залаегерсег од Унгарија. Претходно во кариерата ги бранеше боите на Вардар, Металург, Осијек, Шибеник, Раднички Ниш, Серед и Сумгаит, а за македонската репрезентација досега настапи на шест натпревари.