• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Тодор Тодороски и официјално ја продолжи соработката со албански Фљамуртари.
Клубот потврди дека Тодороски потпишал нов двегодишен договор, со што ќе продолжи да ги брани боите на тимот и во наредните две сезони.
„Со големо задоволство објавуваме дека Тодор Тодороски го обнови договорот со клубот на уште две години и ќе продолжи да биде дел од црвено-црното семејство“, соопштија од Фљамуртари.
Десниот бек се поврзуваше со враќање во македонскиот фудбал, но такво нешто, барем засега, нема да има.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

