Тодор Тодороски официјално преставен како ново засилување на Залаегерсег

Управата на унгарскиот тим, Залаегерсег, официјално го објави и потврди трансферот на македонскиот репрезентативец, Тодор Тодороски. 

Десниот бек е најново засилување за тимот во кој порано настапуваше уште еден македонски репрезентативец, Никола Серафимов. Тодор Тодороски пристигнува во Унгарија од редовите на азербејџанскиот клуб Сумгаит, за кој Македонецот настапи на 31 натпревар и постигна еден гол. 

За сениорската репрезентација на Македонија, Тодор Тодороски досега забележа шест официјални настапи.