• Мартин Танасковски
Македонскиот десен бек Тодор Тодороски потпиша договор во Албанија каде ќе го носи дресот на Фљамуртари.
26-годишниот прилепчанец долго време беше без клуб, по разделбата со Политехника Јаши во 2024 година. Но, успеа да се договори со Фљамуртари каде ќе настапува во иднина.
Тодороски има настапи за ЗТЕ од Унгарија, Сумгаит од Азербејџан, потоа романски Серед, српски Раднички Ниш, хрватски Шибеник и Осијек, како и македонските Вардар и Металург.
Десниот бек има и шест настапи за сениорскиот тим на Македонија.

