• Мартин Танасковски
Новиот македонски репрезентативец Тодор Тодороски ќе менува клуб, затоа што нема да ја продолжи соработката со словачки Серед.
23-годишниот прилепчанец кој настапува на десната бековска позиција и беше дел од националниот тим во последните дуели од Лигата на нациите имаше договор до крајот на сезоната со словачкиот прволигаш, но не дојде до продолжување.
Така, Тодороски ќе тргне во нов предизвик во новата сезона. Играчот дојде во Словачка од Србија каде настапуваше за Раднички Ниш, а во кариерата настапуваше и за хрватските Осијек и Шибеник, како и домашните Вардар, Металург, Кожуф и 11 Октомври.
Тодор Тодороски оваа сезона одигра 13 натпревари за Серед во сите конкуренции.