• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Тодор Тодороски има нов клуб. Репрезентативецот раскина со унгарски ЗТЕ и премина во Романија каде доаѓа непосредно по потписот на Дарко Велковски за Динамо Букурешт.
24-годишниот десен бек е нов член на Поли Јаши. Доаѓа како слободен играч, затоа што претходно го раскина договорот со унгарскиот тим за кого немаше голема минутажа и во четири месеци забележа пет настапи.
Тодороски има интернационално искуство во азербејџански Сумгајит, словачки Серед, српски Раднички Ниш, хрватски Осијек, како и македонските екипи Вардар, Металург, Кожуф и 11 Октомври.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.