Тодор Тодороски го раскина договорот со Политехника Јаши

Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски ќе има нов клуб, затоа што пред крајот на 2024 година успеа да го раскине договорот со романска Политехника Јаши.

25-годишниот десен бек настапи на 13 натпревари во романскиот шампионат, но на последните четири меча не беше во ростерот на клубот за дуелите и побара раскин на соработката за да најде нов клуб каде ќе добие поголема улога.

Тодороски покрај во Романија има интернационално искуство во азербејџански Сумгајит, словачки Серед, српски Раднички Ниш, хрватски Осијек, како и македонските екипи Вардар, Металург, Кожуф и 11 Октомври.