• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски имаше одлична партија за Серед во победата кај Трнава на Милан Ристовски (0-1) и доби место во идеалниот тим на колото.
Десниот бек се најде во стартниот состав, тргна од првата минута и беше на терен до судиското надополнување. Тодороски играше клучна улога во одбраната, одлично ги сопре налетите на ривалот и затоа доби место во најдобрата единаесетка.
Серед се наоѓа во „шампионската група“ и до крајот на сезоната ќе се бори за повисок пласман на табелата. Опција е пласман во квалификациите за Конференциската лига, меѓутоа ривалот Ружомберок бега девет бода.
Тодор Тодороски му се приклучи на Серед оваа зима. Во тимот пристигна од Србија каде го носеше дресот на Раднички Ниш.