• Иван Димовски
Жан Клер Тодибо минатото лето за сума од 8,5 милиони евра се пресели од Барселона во Ница. На француската ривиера овој дефанзивец е стандарден, меѓутоа во поразот од Анжер беше трагичар.
Имено, Тодибо заработи црвен картон по само девет секунди игра. Гостите го изведоа почетниот удар и бргу развија акција, а стоперот во обид да ја сопре направи прекршок на играч кој беше во налет. Судијата Дешепи без размислуваше му го покажа патот кон соблекувалната.
Ова без сомнеж е еден од најбрзите црвени картони во историјата на фудбалот. Анжер поведе во првиот дел (0-1), а иако и тие останаа со десетмина, успеаја да се одбранат во Ница.