Тјери Анри станува акционер во новиот клуб на Фабрегас

Италијанските медиуми пренесуваат дека Тјери Анри ќе стане акционер во екипата на Комо.

Тој ќе му се приклучи на Сеск Фабрегас, кој потпиша договор со тимот од Италија и исто така стана акционер. Неговата соработка со клубот е до 2024 година.

Извршен директор на Комо е поранешниот фудбалер на Челзи, Денис Вајс. Италијанскиот клуб е во сопственост на браќата Мајкл и Роберт Хартон, чие заедничко богатство се проценува на 42,6 милијарди долари.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.