ВИДЕО: „Тивкиот“ капитен на Јунајтед со солзи на очите се прости од „ѓаволите“!

Екипата на Манчестер Јунајтед одигра катастрофална сезона, најлоша во последните 25 години, кога во предвид ќе се земе разликата од шампионот, во овој случај таа изнесува дури 32 бода. 

Вчерашниот дебакл од Кардиф беше само шлаг на сезоната за заборав на „ѓаволите“, а овој меч беше посебен за капитенот Aнтонио Валенсија. Искусниот бек кој е можеби единствениот член на Јунајтед без црна дамка во својата кариера, вчера на емотивен начин и со солзи на очите се збогува со домашната публика. 

„Тивкиот“ Валенсија остави длабока трага во Јунајтед, а неговата верност пред три сезони беше наградена со капитенската трака, па така стана првиот фудбалер надвор од границите на Европа кој ја имал таа чест во англискиот гигант. 

Првиот капитен на „ѓаволите“, кој своевремено под водство на Алекс Фергусон собра голем број на трофеи, оваа сезона мака мачеше со повредите и никако не можеше да му се стави на располагање на Оле Гунер Солскјер, па затоа неговото заминување од Јунајтед беше неизбежно. Покрај од него, „Олд Трафорд“ се прости и со уште еден првотимец, тоа е Андер Херера, кој не го продолжи договорот и во иднина ќе носи друг дрес.