Тиверија Струмица со „покер“ за бугарска Спортика

Македонскиот женски прволигаш Тиверија Струмица ја искористи паузата за меѓународен пријателски меч, против бугарска Спортика Благоевград, кој го доби убедливо (4-0).

Струмичанки беа далеку подобар ривал од третопласиранта екипа во бугарскиот шампионат и постигнаа четири гола во мрежата на противникот. Резултатот го отвори капитенот Александра Ристовска во 13. минута, а потоа следеа два гола на Теодора Димоска. Печат на триумфот стави Теодора Николовска.

Вреди да се напомене дека бугарскиот тим не успеа да реализира пенал при водство од 2-0 на Тиверија Струмица.