ВИДЕО: Титулата се сели од Киев во Доњецк - Шахтјор е нов украински првак

Шахтјор од Дењецк е нов шампион на Украина, откако во разигрувањето прв мина низ целта во вечната директна борба со Динамо Киев. Во меѓусебниот дуел во кој домаќин беше Шахтјор, немаше победник и со реми титулата се сели до Киев во Доњецк.

Натпреварот заврши 1-1, а двете екипи средбата ја завршија со по десет фудбалери. Циганков во 36. минута ги доведе гостите во водство, но кога Шабанов заради два жолти картони беше исклучен во судиското надополнување на првиот дел, домашната екипа ја презеде иницијативата.

Бразилецот Тете во 50. минута го постигна голот за реми и титула. Кохолава во 60. минута по вторпат влезе во бележникот на главниот судија и двете екипи со по еден човек помалку го завршија натпреварот.

  • Извештај од натпреварот: 

Шахтјор со 77 бода во плеј-офот на убедлив начин ја освои титулата, бидејќи на три кола до крајот има недостижни 11 бода повеќе од Динамо. Шахтјор следната сезона ќе игра во квалификациите на Лигата на шампионите, а Динамо Киев во квалификациите на Лига Европа. 

  • Церемонијал на прогласување на Шахтјор како нов украински шампион: