• Горан Упале

Шпанските фудбалски репрезентативци ја совладаа Англија во финалето на Европското првенство и ја направија својата земја единствен сопственик на четири вакви титули на стариот континент. Еуфоријата од заслужениот успех на феноменалната „црвена фурија“ не застанува.
Денес од Пиринеите пристигна информација дека пазарната вредност на играчите на селекторот Луис де ла Фуенте се зголемила по рекордните седум победи и рекордните 15 гола за време на натпреварувањето во Германија. Сите до еден, само некои помалку, а некои повеќе, пред сè во зависност од минутажата и корисноста на сработеното за време на маршот до тронот, денес вредат повеќе.
Податоците од специјализираната веб-страница „Трансфермаркт“, на која се повикува „Марка“, велат дека најмладите играчи најмногу ја „покачиле цената“. Така, цената на најдобриот млад играч, Ламин Јамал од Барселона, пред еден месец изнесуваше 78.300.000 евра, а сега достигна 105.300.000 во истата валута.
Веднаш зад стрелецот на официјално најубавиот гол на ЕП 2024 на тоа скалило е нешто повозрасниот Нико Вилијамс, играч на Атлетик Билбао, кој до неодамна вредеше 67.400.000 евра, а сега таа сума скокна на 79.500.000 евра.
Прв придружник на тандемот е голманот Унаи Симон (Атлетико Билбао), кој според финансиските параметри од тој карактер пред првенството чинеше 28.400.000, додека сега таа бројка е 34.800.000 евра.