Тите: Србија не го издржа нашиот притисок

Со моќно второ полувреме бразилската фудбалска репрезентација ја совлада Србија со 2-0 (0-0) и како и скоро секогаш Светско првенство отвори со победа. Вториот дел го покажа раскошниот талент на „кариоките“ и немаше да биде незаслужено момците на Тите да постигнат уште некој гол.

Тите беше задоволен од изданието и енергијата на тимот.

„Нејмар остана во игра и покрај повредата и придонесе за двата гола што ги постигнавме. Почувствува болка во скочниот зглоб, бидејќи тоа му беше потребно на тимот. Имаше способност да ја надмине болката“, изјави Тите.

„Во вториот дел ја променивме формацијата, играчите почнаа да играат поприродно. Имавме неколку можности пред голот. Можеме во нападот да играме и со Педро, а имаме добри играчи кои не се најдоа на списокот, како Фирмино и Габриел Барбоса.

Србија беше многу добра и брза во првото полувреме, но мора да го задржите тој ритам во текот на целиот натпревар. Успеавме да ги запреме. Тие одиграа доста агресивно во првото полувреме. Србите ја победија Португалија, имаат одлична репрезентација. Ги ставивме под голем притисок во вториот дел и не им беше лесно да се справат со нас“, смета селекторот на Бразил.

Тите кратко се осврна и на повредата на Нејмар, кој беше повлечен од игра заради повреда во последните десетина минути,

„Нејмар остана во игра и покрај повредата и придонесе за двата гола што ги постигнавме. Почувствува болка во скочниот зглоб, бидејќи тоа му беше потребно на тимот. Имаше способност да ја надмине болката“, изјави Тите.

Заради сериозна повреда Нејмар среде Светско првенство мораше да ги заврши своите настапи на Мундијалот во Бразил во 2014 година. 

Состави

Тите

4-1-4-1

    Драган Стојковиќ Пикси

    3-4-3