Тите ги одбра „кариоките“: Бразил изгледа застрашувачки

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, ги одбра фудбалерите на кои ќе смета на претстојните октомвриски дуели против Сенегал и Нигерија.

Тимот на хартија изгледа навистина застрашувачки, а седум имиња доаѓаат од шампионатот на Бразил, додека другите се интернационалци.

ГОЛМАНИ: Едерсон (Манчестер Сити), Вевертон (Палмеирас), Сантос (Атлетико Параенсе)

ОДБРАНА: Дани Алвеш (Сао Паоло), Данило (Јувентус), Алекс Сандро (Јувентус), Ренан Лоди (Атлетико), Тиаго Силва (ПСЖ), Маркињос (ПСЖ), Едер Милитао (Реал Мадрид), Родриго Каио (Фламенго)

СРЕДЕН РЕД: Касемиро (Реал Мадрид), Артур (Барселона), Фабињо (Ливерпул), Филипе Кутињо (Баерн Минхен), Лукас Пакета (Милан), Матеус Енрике (Гремио)

НАПАД: Евертон (Гремио), Фирмино (Ливерпул), Габи Барбоса (Фламенго), Ричарлисон (Евертон), Нејмар (ПСЖ), Габриел Хесус (Манчестер Сити).

Натпреварите против Сенегал и Нигерија на програмата се на 10 и 13 октомври.