• Иван Димовски
Нови неверојатни сцени доаѓаат од фудбалските терени во Аргентина. Финалето на Трофејот на шампионите (Суперкупот на Аргентина) заврши нешто порано од планираното, а победата ја донесе Расинг Клуб против Бока Јуниорс (1-2).
- Извештај од натпреварот:
Причината за прекинот длабоко во судиското надополнување на продолженијата беше ревијата на црвени картони. Екипата на Бока Јуниорс поведе преку Бриаско во 19. минута, за само три подоцна Рохас да израмни на 1-1, резултат активен долго во натпреварот. Во финишот на регуларниот дел први „поцрвенеа“ Виља и Карбонеро, па во продолженијата се влезе со по десетмина.
Во доигрувањето прв исклучен беше Варела поради втора јавна опомена, а потоа настана хаосот. Младиот Карлос Хонас Алкараз во 118. минута стрела со глава за 1-2, потоа го соблече дресот и провокативно застана пред фановите на Бока. Бидејќи веќе имаше жолт картон, Алкараз доби исклучување, но тоа ги испровоцира и играчите на Бока. Така дојде до една мешаница, играчите се туркаа и влечеа, па судиите имаа полни раце работа.
- Десетте црвени картони на мечот:
Главниот арбитар Тељо по дојавите од ВАР собата почна да „дели“ црвени картони, во Расинг доби само Кабељос, додека кај Бока Јуниорс исклучени беа Адвинкула на теренот и Замбрано на клупата. Потоа следеше и исклучување за Гонзалез, а откако стартуваше мечот втор жолт за прекршок доби Фабра. Официјален крај поради петти црвен картон на теренот за Бока Јуниорс имаше во десеттата минута од продолжението, по бурната реакција на Бенедето и гледањето на ВАР снимката. Бидејќи Бока остана со шест играчи во поле, тоа значеше и автоматски крај, но останува да видиме дали резултатот ќе биде преименуван во службени 0-3.
На крајот Расинг бурно го прослави трофејот, додека играчите на шампионот на Аргентина беа бесни на финишот.



