• Горан Упале
Фудбалерот на Барселона, Марк Бернал беше успешно опериран на предните вкрстени лигаменти и страничниот менискус на левото колено, соопшти денес каталонскиот клуб.
Во соопштението на Барселона се наведува дека Бернал поради комплицираниот процес на заздравување се очекува да биде надвор од терените околу една година. Младиот фудбалер на Барселона се повреди на 27 август на натпреварот против Рајо Ваљекано во третото коло од шпанската Примера.
17-годишниот Бернал сезонава започна три натпревари за Барселона во шпанското првенство и беше еден од најдобрите во тимот на Ханси Флик. Сепак, го најде истата судбина како и претходните големи надежи на каталонскиот гигант – Ансу Фати, Педри, Гави, Балде... Сите блеснаа уште како тинејџери во дресот на Барса, но поради повреди мораа да отсуствуваат подолго време.