• Мартин Танасковски

Екипата на Работнички во новата сезона ќе игра во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а тимот ќе има нов изглед со оглед на тоа што повеќе играчи си заминаа или си заминуваат во потрага на нови клубови.
Еден од оние кои нема да бидат дел од дебармаалци во новата сезона е Аритон Мехмед. Тинејџерот кој е актуелен младински репрезентативец на Македонија си отиде од Работнички и разгледува понуди каде ќе ја продолжи кариерата.
Мехмед има вкупно 32 настапи во Првата македонска фудбалска лига, а зад своето име има два постигнати гола и две асистенции. Покрај за Работнички, тој играше и за екипата на Шкупи во сениорскиот погон.

