Тинејџер е најдобар стрелец во КЛ: „Не знам како Барселона го пушти да си замине“

Марк Гују се истакна и максимално ја искористи довербата која му ја укажа тренерот Енцо Мареска во Конференциската лига на УЕФА. 18-годишникот постигна три гола во победата на Челзи против Шамрок Роверс (5-1). 

Особено интересно е што Гују пристигна на „Стемфорд Бриџ“ за сума од Барселона за само шест милиони евра. На оваа тема зборуваше поранешниот ас на „сините“ Џо Кол. Тој е изненаден како каталонскиот гигант лесно се откажа од младиот напаѓач.

„Прво нешто што ми мина низ глава за Гују беше: Како Барселона го пушти да си замине!? Па ова момче за две години може да биде прв напаѓач на Челзи. Мислам дека може да биде голем играч. Сметам дека Барса погреши со него“, изјави Кол.

На осум настапи во Конференциската лига сезонава Марк Гују постигна шест гола за Челзи. Од друга страна, во првенството и куповите има само два одиграни меча.