ВИДЕО: Тимскиот дух е најважен, „себичниот“ Лукман си доби лекција од Осимен!

Виктор Осимен и Адемола Лукман имаа што да си порачаат на натпреварот против Мозамбик во осминафиналето од Африканскиот Куп на Нации. 

Напаѓачот на Галатасарај беше гневен на својот соиграч поради неговата „себичност“ во еден момент кога не му ја подаде топката, па влезе во вербален дуел со него, и покрај убедливата предност на својата репрезентација, која во тој период водеше со 3-0. 

Борбениот дух очигледно не изостанува во нигериската селекција, а Осимен и Лукман ќе мораат бргу да ги „закопаат секирите“, зашто нивниот тим се пласираше меѓу осумте најдобри на континенталното натпреварување. 

Интересно е што токму Лукман претходно му асистираше на Осимен за третиот гол на Нигерија, а потоа му „намести“ гол и на Акор Адамс за конечни 4-0 на натпреварот.