• Иван Димовски
Погодокот на Нико Вилијамс на стартот на второто полувреме апсолутно го отвори финалето на Европското првенство меѓу Шпанија и Англија. Откако „фуријата“ поведе со 1-0, почнаа двете селекции да играат отворено и тоа резултира со втор гол.
Течеше 73. минута од натпреварот кога контра повлече Сака, ја упати топката на пеналтикот до Белингем, а овој ја одложи до Кол Палмер кој со перфектен удар ја испрати во мрежата.
Голманот Унаи Симон остана немоќен на милиметарски прецизниот удар на фудбалерот на Челзи.
Инаку, Палмер беше резерва и влезе во игра на местото на Коби Маино кој игра на сосема друга позиција на теренот.