Тимовски: Можеме да ја минеме Дрита, шансите се изедначени

Ангелче Тимовски со капитенската лента ќе го предводи Силекс на натпреварот против Дрита во квалификациите за Лигата на Европа. По елиминацијата од ЛШ од азербејџански Карабах, кратовчани ги чека предизвик во второто натпреварување во УЕФА.

Добија ривал по мерка, сите се согласуваат со тоа, а Тимовски очекува пласман во наредната фаза.

„Пред се очекувам една добра игра на момците од мојот тим. Шансите се изедначени на оваа средба. Мислам дека ние ќе бидеме подобри од Дрита, ја сакаме повеќе победата и сметам дека ние ќе бидеме тимот што ќе оди понатаму“, изјави Тимовски за ТВ Сител.

Натпреварот меѓу Силекс и Дрита се игра в четврток од 20:00 часот, а евентуален успех против косовскиот ривал ќе донесе заработка од речиси 300.000 евра за македонскиот тим.