ВИДЕО: Тимот што ја „зацрни“ Шкендија пак ќе игра во Лигата на Европа

Верувале или не, „малиот“ Дуделанж кој успеа како аутсајдер да ја елиминира Шкендија, направи голема сензација и ќе игра пак во групната фаза на Лигата на Европа.

Многумина велеа дека ланскиот успех на тимот од Луксембург и влезот во групите е случајност, меѓутоа втора година по ред, Дуделанж ќе игра во групите. И тоа со пресврт, победи на домашен терен со 2-1 (0-1) и дојде до пенали против Арарат. 

Двата гола ги постигна Даниел Синани, Дуделанж победи со 2-1 и поради идентичниот резултат во Ерменија, следеа продолженија. Во екстра-времето немаше голови, а при изведувањето на пеналите кобна беше шестата серија за Арарат, во која Пашов промаши.

Дуделанж почна од првата рунда од квалификациите на ЛШ. Испадна од малтешка Валета, а потоа во рамки на втората рунда од квалификациите за ЛЕ се соочи со Шкендија и беше подобра, а во третото коло, скокна преку Номе Каљу од Естонија. Во плеј-офот, следеше елиминација на Арарат.

Ова е огромен успех за луксембуршкиот фудбал, за кого многумина велат дека се работи за аматерски спорт во државата.