• Мартин Танасковски
Косово доби нов фудбалски првак во името на Балкани, екипа која за првпат се искачи на тронот и за првпат ја чека натсап во еврокуповите.
Овој клуб е европски хит, затоа што доаѓа од гратче со 10.000 жители. На три кола пред крајот Балкани има 11 бода предност во однос на најблискиот следбеник и така се радува на првата историска титула. Во тимот има двајца македонски претставници, Ндерим Неџипи како директор и Артим Положани како асистент меѓу тренерите. Балкани предводен од тренерот Илир Даја успеа да ја прекине доминацијата на Дрита и Приштина во шампионатот.
Тимот доаѓа од градот Сува Река, а според „Трансфермаркт“ вредноста е нешто над три милиони евра. Ростерот на играчи е главно составен од имиња од Косово и Албанија, а најскапиот е Едвин Куц кој е проценет на 300.000 евра.
Домашните натпревари Балкани ги игра на стадион од 1.500 гледачи. Но, поради побарувањата на УЕФА, Сува Река нема да може да ужива во Лигата на шампионите затоа што ќе мора да следи преселба во Приштина.
На ждрепката во која ќе се најде во првото квалификациско коло Балкани ќе биде меѓу неносителите.