Тимот на Динамо што ја „прегази“ Аталанта е склопен за 6.000.000 евра

Екипата на Динамо Загреб направи големо изненадување и на домашен терен со убедливи 4-0 ја прегази италијанска Аталанта, во рамки на првото коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Хрватските „модри“ се најдоа на насловните страници поради одличниот резултат, а интересно, тимот што играше против калчолигашот е составен за џабе, односно за него се платени само шест милиони евра.

Динамо најмногу плати за словенечкиот фудбалер Стојановиќ од Марибор (2 милиони евра), додека за Осриќ и Петковиќ платени се по милион евра. Голманот Лијаковиќ чинеше 625.000 евра, Дилавер е платен 800.000 евра, додека стрелецот на првиот гол, Леовац, чинеше 300.000 евра.

Стоперот Периќ е донесен како дете за 120.000 евра, Дани Олмо дојде од Барселона за тренинг-компензација од 200.000 евра, а Катерин и Адеми се донесени за прениски суми, пониски од гореспоменатите. „Дете“ на Динамо од стартниот тим е Никола Моро.

Динамо е доказ дека со минимални, но паметни вложувања, може да се направи голем европски успех.