ФОТО: Тимот му губи со 3-0 и е пред испаѓање, а тој безгрижно си „сурфа“ на телефон!

Факт е дека Херта е голем клуб, еден од најголемите во Германија, и навистина ќе биде штета ако испадна од Бундеслигата, но моменталната состојба на табелата е таква што не е далеку од најлошото сценарио.

Клубот од Берлин игра очајна сезона, на 25 натпревари оствари само пет победи и има само 21 бод. Тоа е доволно само за 16. место. Доколку остане таму, ќе игра плеј-оф за останување во лигата. Во последното одиграно коло во Бундеслигата, Херта гостуваше кај Хофенхајм и помина катастрофално. Загуби со 3-1, а нивниот фудбалер Флоријан Нидерлехнер во 58. минута беше уловен од камерите како седи на клупата и користи мобилен телефон.

Изгледа дека му беше здодевно да ги гледа случувањата на теренот, па реши да се забавува, сурфајќи на мобилниот телефон, додека соиграчите губат со 3-0. 

Оваа реакција на искусниот фудбалер ги налути фановите на Харта, а по натпреварот неговиот соиграч Кевин-Принс Боатенг застана во одбрана на својот соиграч, велејќи дека употребата на мобилни телефони не е главниот виновник за лошите игри на Херта и дека Нидерлехнер всушност случајно го зел мобилниот телефон за момент кога го фатиле камерите.