Тимот кој што го исфрли Силекс во КЛ е прв на табелата, а има НЕГАТИВНА гол-разлика!

Раритет во соседството. Лидерот на табелата во фудбалскиот шампионат во Црна Гора или негатива гол-разлика! Случувањата на стартот од елитното црногорско натпреварување е вистинска реткост. Најдобриот тим досега во Црна Гора, кога во прашање се бодовите по единаесет одиграни кола има повеќе примени гола, откако што постигнал. 

Дечиќ од Туза со победата во последно одиграното коло, како и по киксот на Сутјеска, се искачи на лидерската позиција на табелата со 20 бода, а неговата гол-разлика е 15 постигнати и 16 примени гола.

Тоа се должи на минималните победи на тимот во досегашниот дел од шампионатот. Досега забележа шест победи, две ремија и три порази. Дури пет пати славеше со еден гол предност, а од друга страна кога губи – тоа го прави без постигнат гол (2-0, 2-0, 4-0).

Инаку, Дечиќ е екипата која што го елиминира нашиот Силекс во првото коло од квалификациите за Конференциската лига.