ВИДЕО: Тимот им губеше 0-5 во балканското дерби, па направија хаос за прекин на срамот

Балканското дерби меѓу Олимпија Љубљана и Ријека во целост беше во знакот на домаќините (5-0), се до прекинот во средината на второто полувреме заради хаосот кој го направија гостинските навивачи.

На навивачката група „Армада“ ѝ беше мака од она што го гледа на теренот, па намерно се предизвика прекин. На трибината кај Хрватите се запали пиротехника и се фрли на теренот, па немаше услови овој меч да продолжи.

Судијата ги повлече играчите во соблекувална, а овој меч на срамот за хрватскиот фудбал продолжи по подолг прекин.