• Горан Упале
Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, наводно ќе биде разрешен од функцијата шеф на стручниот штаб на Ал-Етифак, откако синоќа беше елиминиран од второлигашот Ал-Џебелеин во осминафиналето на Купот на Саудиска Арабија.
Клубот од Дамс беше поразен на гостински терен од клуб од долната дел на табелата во второлигашкото друштво. Колапсот во Купот во Ал-Етифак пристигна како кулминација на катастрофалната форма на тимот на Џерард во сè посилниот шампионат, па би требало да се случи вистинско чудо доколку поранешниот англиски репрезентативец не замине од Саудиска Арабија.
Избраниците на Џерард последен пат славеа кон средината на септември, што е спротивно на високите примања кои поранешниот фудбалер ги остварува на годишно ниво. Според многу медиуми, платата на Џерард во Ал-Етифак е 15,2 милиони фунти.