Екипата на Арсими оствари победа на гостувањето кај Борец во натпревар кој изобилуваше со голови (2-4) во рамки на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).
Лидерот во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), екипата на Гостивар, славеше над Беса (1-0) и остана на челната позиција на табелата која носи промоција во елитното друштво на крајот од актуелната сезона.
Фудбалерите на Пелистер ќе го дочекаат тимот на Арсими во викенд колото во рамките на Втората македонска фудбалска лига. Битолчани имаат високи амбиции, под водство на новиот тренер Бобан Бабунски целат кон елитата и одат на победа на сите натпревари.
Македонскиот фудбал се враќа на сцената, а возбудливо ќе биде во Втората лига каде следи голема битка за промоција. Во моментов на една од посакуваните позиции е најтрофејниот тим Вардар, а голманот Филип Гачевски испрати порака пред продолжението.
Фудбалерот на Воска Спорт, Вахит Мурати во наредните шест месеци ќе игра како позајмен играч во екипата на Арсими од Чегранe, која исто така се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига.
Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги анализира спорните моменти во Првата и Втората македонска фудбалска лига и означи кои ситуации се погрешни од страна на арбитрите.
Воска Спорт запиша победа на гостувањето кај Арсими 1973. Домашниот тим се пожали на судиската одлука за пенал, кој на гостите им донесе три значајни бода.
Екипата на Арсими 1973 на домашен терен загуби од Воска Спорт (1-2) во натпревар во кој беше досуден спорен пенал за гостите. Замерки на арбитражата имаат од Арсими од Чегране, од каде објавија соопштение во кое покажаа револт.
По одличниот старт на сезоната, екипата на Воска Спорт потфрли на двата последни натпревари во Втората македонска фудбалска лига и денес против Арсими ќе ја има првата можност да се врати на победничките патеки.
Екипата на Арсими експресно најде замена за Бујар Ислами, кој денес се раздели со клубот. Оставката на поранешниот тренер на Ренова, кој дојде како голем адут во новајлијата во второлигашкото друштво, доаѓа по поразот од Саса.