Екипата на Шроусбери Таун се врати по негатива од два голa и одигра реми (2-2), против Ливерпул во рамките на четвртото коло на ФА Купот. Јирген Клоп на „Гринхаус Медоу“ излезе без првотимците и во тимот се најдоа дури пет младинци. Иако поведоа лесно со 0-2, „џокерот“ Камингс со два погодоци му обезбеди реванш на третолигашот, за десетина дена на „Енфилд“.