Фудбалерите на Скопје се радуваа на домашниот дуел против Пелистер со 4-2 (3-1), во рамките на вонредното 31. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Избраниците на Љупчо Марковски целосно го надиграа противникот, а и покрај тоа што цело полувреме беа со човек помалку, не дозволија изненадување против „фенерџијата“.