Иако беше голем фаворит, Манчестер Јунајтед киксна кај еден од најслабите премиерлигаши оваа сезона, Вест Бромвич Албион. На гостувањето во Бирмингем „ѓаволите“ одиграа само 1-1 против аутсајдерот, а капитенот Хари Мегвајер не го криеше своето незадоволство од судењето на натпреварот, затоа што сметаше дека врз него имаше очигледен пенал, кој не беше досуден.