Уракан

  • Индепедиенте Санта Фе ја освои Копа Судамерикана

    Колумбискиот Индепедиенте Санта Фе во Богота, на реванш мечот во финалето на Копа Судамерикана дури по изведувањето на пенали го совлада аргентинскиот тим Атлетико Уракан со 3-1. Во регуларниот тек натпреварот заврши 0-0. Првиот натпревар кој се одигра во Аргентина исто така заврши без голови. Пеналите на Богадо, Нерво и Торанцо ги одбрани голманот на колумбискиот тим Запата. Аргентинскиот тим натпреварот го заврши со играч помалку по исклучувањето на Абала во 116. минута.