Денес на Кипар се одигра пријателски натпревар во кој АЕК Ларнака ја победи Докса со 2-0 (2-0), а мечот беше за нас посебен, бидејќи на теренот се сретнаа дури петмина македонски интернационалци. Мојсов, Тричковски и Спировски на едната, наспроти Шишковски и Трајчевски на спротивната страна во тест-дуел по враќањето на спортот и паузата со корона-кризата.