Четири години најдобрите шпански клубови не патувале на најоддалечените првенствени турнеи на Канарските Острови, а Лас Палмас и Тенерифе се борат да го променат тоа. Двата најуспешни клуба од местата во Атлантскиот Океан, на 1.600 километри оддалеченост од Пиринејскиот Полуостров, се борат за финалето на баражот за да го пополнат местото во следната сезона во Примера. Еден ќе мора да отпадне по полуфиналниот реванш на Сегунда, а во подобра позиција е Тенерифе кој на стадионот Гран Канарија пристигнува со предност од 1-0 од првата пресметка.
Летните пријателски натпревари секогаш нудат спектакуларни голови, меѓу кои досега најмногу се истакна овој на вчерашниот меч меѓу Лас Палмас и Тамарасеите.
Поранешниот шпански репрезентативец, Давид Силва е врзан со договор за Манчестер сити до јуни 2020 година, а според последната негова изјава, тој по завршувањето на истиот ќе се пресели на Канараските острови.
Екипата на Лас Палмас ја продолжи лошата серија на резултати во Примера, откако во денешниот прв натпревар во рамки од 35. коло на Примера ремизираше на гости кај тимот на Еспањол (1-1). Овој бод повеќе значи повеќе за домашниот тим, кој и математички го обезбеди опстанок во лигата на три кола до крајот.
Леванте во рамките на 31. коло во Примера на домашен терен го пречека директниот конкурент за опстанок Лас Палмас и на крајот со многу среќа успеа да победи и да ги освои трите бода (2-1). И на денешниот натпревар нашиот Енис Барди натпреварот го започна на клупата за резерви, а во игра влезе во 68. минута.
Фудбалерите на Реал Мадрид го положија последниот испит пред четвртфиналниот дуел со Јувентус во Лигата на шампионите, откако во рамките на 30. коло на Примера го совладаа Лас Палмас со 0-3 (0-2).
Последниот натпревар од 27. коло на Примера донесе голем пресврт на „Балаидос“ во Виго, каде Селта се врати од 0-1 и го совлада Лас Палмас со 2-1 со гол постигна во последните минути од дуелот.
Угледниот шпански арбитар, Матеу Лахос, заработи суспензија на неодредено време поради грешките кои ги направи во претходното коло од Примера на штета на Барселона.
Во претпоследниот натпревар од 26. коло на Примера, лидерот Барселона неочекувано ремизираше на Канарските острови против кандидатот за опстанок, Лас Палмас. Дуелот заврши 1-1 (0-1) и е четврто реми на последните пет натпревари за Каталонците.
По тешкиот пораз од Еибар (5-1), новиот предводник на Севиља, Винченцо Монтела успеа да ги „врати во живот“ своите фудбалери, кои денес одиграа нов перфектен натпревар, кој резултираше со втора победа во низа, овој пат од 1-2.
Ниту новиот тренер не ги лекува старите проблеми на Малага, која загуби со примен гол во последната минута на гостувањето на Канарските острови. Со голот на хрватскиот интернационалец Ален Халиловиќ во 90. минута, „жолто-сините“ на Пако Хемес стигнаа до витални бодови во борбата за опстанок во лигата.
Екипата на Атлетико Мадрид по ремито против Џирона им се врати на победите. На „Ванда Метрополитано“ падна Лас Палмас (3-0), кој одигра допадливи 60 минути, но немаше сила да се носи до крај со поквалитетниот ривал.
Во последниот денешен натпревар од 20. коло во Примера, фудбалерите на Валенсија, со двајца играчи помалку на гостински терен се поразени од Лас Палмас со 2-1 (1-1).
Екипата на Џирона со убедлива победа го отвори денешниот ден од 19. коло на шпанска Примера. Тимот од Каталонија на домашен терен целосно го надигра Лас Палмас и на крај извојува висока победа од 6-0 (1-0).
Фудбалерите на Валенсија во реванш натпреварот од осминафиналето на Купот на Кралот, на „Местаља“ славеа убедлива победа против Лас Палмас од 4-0 (1-0) и со вкупни 5-1 обезбедија пласман меѓу најдобрите осум.
Фудбалерите на Валенсија со гол во финишот успеаја да избегнат пораз и да одиграат 1-1 против тимот на Лас Палмас во рамките на осминафиналето од Купот на Кралот.
Контроверзниот Пако Хамес и официјално е нов тренер на шпанскиот прволигаш Лас Палмас и нему му е доверена тешката задача да се обиде да обезбеди опстанок во Примера. Хамес се враќа во татковината, откако една и пол сезона работеше во Круз Азул.