Динамо Загреб во последните десетина години беше чест учесник во групната фаза на Лигата на шампионите, а за да го исполни тоа и оваа есен, мора да го надокнади заостатокот од еден гол од првиот меч со Бодо/Глимт (1-0). Кога се земаат в предвид искуството и рејтингот на домаќинот, би можело да се каже дека нивниот настап во европската елита е сигурен, меѓутоа, така изгледаше и минатото лето, па се покажа дека постои простор за изненадување. Тогаш последна пречка на патот кон групите беше Шериф Тираспол, кој во пвиот меч како домаќин славеше со убедливи 3-0, додека реваншот во Загреб заврши без погодоци.