Поранешниот фудбалер на Вардар, Шкупи и Победа, Јасир Асани кариерата ќе ја продолжи во Турција и до крајот на преодниот рок ќе одбере една од неколкуте понуди. Според турските медиуми Асани има четири опции каде ќе ја продолжи кариерата, а тоа се Ескишехирспор, Елазигспор, Аланијаспор и Баликеширспор.