Аргентинскиот напаѓач на АЕК од Атина, Серхио Араухо веројатно влезе во историјата како автор на едно од најневозможните промашувања во историјата на фудбалот. Некогашниот фудбалер на Бока Јуниорс и Лас Палмас можеше и да ја остави топката да влезе во голот, но се обиде да го потврди голот на ефектен начин и ја погоди пречката, па наместо топката, тој заврши во мрежата.