Дербито од десеттото коло во Премиер лигата на Босна и Херцеговина помеѓу Вележ и Борац од Бања Лука не го дочека својот крај, поради упадот на навивачите на теренот. По голот на Стојан Врањеш во 82. минута, за водство на гостите од 0-2, домашните навивачи незадоволни од арбитражата на судијата Сабрија Топаловиќ, налетаа на терен.