Второлигашот Пелистер го официјализираше четвртото засилување во зимскиот преоден рок. По Трајчевски, Ганчев и Маркоски, „зелено-белиот“ дрес оваа пролет ќе го носи прилепчанецот Сашо Шопоски, кој е офанзивец и ќе го засили нападот, каде прилично осамен во одиграната полусезона беше Благојче Главевски.