Фудбалерите на младата репрезентација на Македонија која својот собир го имаше вчера во рамки на продолжението од квалификациите за пласман на Европското првенство, покрај стандардните професионални фудбалски обврски, предпладнево одвоија време и за дружба со своите најверни навивачи и поддржувачи. Бабунски, Николов, Велковски, Барди и Ангелов ги посетија ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода и ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром, каде што имаа прилика да се запознаат и да се дружат со најмалите и најискерени навивачи и љубители на фудбалот.