Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, не го криеше разочарувањето од поразот од Борнмут. Откако го декласираа Манчестер Јунајтед со 7-0, фудбалерите на Ливерпул шокантно загубија на гостувањето на „Виталити“ со 1-0. „Црвените“ имаа неколку шанси да избегнат пораз, а најголемата ја испушти Мо Салах, кој промаши удар од единаесет метри.