Фудбалерите на Брегалница ги продолжуваат тренинг-активностите за време на паузата во Првата македонска фудбалска лига поради настапите на македонските репрезентации.
Екипата на Брегалница има добра пролет и пет кола по ред не знае за пораз, а еден од играчите во дефанзивата доби повик во националниот тим и направи кам-бек по одредено време.
Екипата на Брегалница ги продолжи одличните партии пролетва во ПМФЛ, па попладнево со убедливи 4-0 (2-0) се радуваше против Победа. Пресметката од 23. коло на првенството која се одигра на „Градскиот стадион“ во Штип понуди доминација на домашните против индиспонираниот „фенерџија“. Ова беше нов одличен резултат и трета победа на тимот под тренерска палка на Горан Здравков.
Штипска Брегалница продолжи со добрите партии оваа пролет и со победа на незгодното гостување кај Силекс (1-2) го затвори вториот круг во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Брегалница комплетно ја надигра Шкендија во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига, беше многу блиску до триумфот но изостанаа само головите за да се заокружи целокупниот впечаток. Сепак, изданието на „сините“ кое е можеби и најдоброто во пролетниот дел од сезоната дава импулс повеќе за следниот предизвик кој веќе утре ја чека Брегалница на гостувањето против Силекс во Кратово.
Фудбалерите на Брегалница и Шкендија го поделија пленот, откако одиграа 0-0 во натпревар од 21. коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата на „Градскиот стадион“ во Штип понуди по некоја шанса на двете страни, но и на крајот актуелен беше почетниот резултат.
Фудбалерите на Шкендија во рамките на 21. коло на Првата македонска фудбалска лига гостуваат во Штип кај Брегалница. Во градот под Исарот, тетовчани доаѓаат како фаворит, меѓутоа никогаш не е лесно да се дојде до бодови на овој терен.
Екипата на Шкендија се подготвува за продолжението на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а тренерот Ќатип Османи го разгледува составот со кој ќе располага на следниот натпревар против Брегалница.
„Сините“ ја запишаа првата пролетна победа во сезоната 2022/2023 и прва официјална под водство на Горан Здравков кој од почетокот на годинава ја презеде тренерската палка во својата Брегалница.
Екипата на Брегалница ѝ се радува на првата победа во 2023 година, откако по ремито со Скопје пред седум дена, денес со минимални 0-1 (0-1) се избори за голема победа над Работнички.
Фудбалерите на Брегалница ќе се судрат со Работнички во рамките на 20. коло во Првата македонска фудбалска лига. Во пресрет на натпреварот кој се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, своите очекувања ги изнесе Ѓорѓи Ѓорѓиев.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата во 20-тото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кое на програмата е викендов.
Фудбалските клубови Брегалница и Скопје одиграа празно реми (0-0), во првото пролетно коло на ПМФЛ. Домаќинот кој важеше за благ фаворит, не успеа да го скрши ривалот од Скопје и се одигра натпревар без возбудувања, погодоци и вистински фудбал.
Викендов прволигашите се враќаат на своите работни места и стартува пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига. Екипата на Брегалница пред својата публика ќе го пречека тимот на Скопје, а стретегот Горан Здравков ќе го има своето деби на официјален натпревар на „сините“ од Штип.
Екипата на Брегалница подготвена го очекува пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, во желбата за позитивен старт веќе на дуелот против Скопје в недела од 14:00 часот на Градскиот стадион во Штип.
Фудбалерите на Брегалница на домашно тло во Штип, под водство на шефот на стручниот штаб Горан Здравков, ги финишираат подготовките за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница забележа уште една победа во подготвителниот период. Штипјани на контролната средба во Охрид извојуваа минимален триумф над второлигашот Караорман, а одново херој на „сините“ беше Рудолф Благоџи.
Стефан Коцев ја напушти матичната Брегалница и заминува за нов интернационален предизвик. Десниот бек парафира договор со екипата на Каспиј Актау од Казахстан.