Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја прекина серијата без пораз и на домашен терен загуби од фаворитот и лидер во групата Франција У21 (0-1), па така, шансите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2023 година се сведени на минимум. Храбар меч одиграа избзранците на Драган Канатларовски. Долго време се држеа со далеку поквалитетниот противник составен од млади ѕвезди како Камавинга, Черки, Калулу, Адли, а дуелот го одлучи едно невнимание во одбраната кое доведе до подарок гол за гостите. Ова беше втора победа во вториот меѓусебен меч во овие квалификации. Македонија има два порази, двата од Франција. Циклусот за нашиот национален тим продолжува во март, на гости кај Србија.