Во рамки на деветтото коло на Чемпионшип на „Ештон Гејт“ се сретнуваат Бристол Сити и Норич, тимови кои јасно покажаа дека оваа сезона нивната амбиција е да се борат за пласман во Премиер лигата. Двете екипи во овој судир влегуваат по реми од 1-1. Гостите едвај дојдоа до бод во 87. минута на гостувањето кај Брентфорд, а слична беше ситуацијата и кај домаќинот, кој на второпласираниот Свонси му откина дел од пленот со погодок од белата точка во 83. минута.
Езџан Алиоски одигра десетина минути во победата на Лидс Јунајтед на гостувањето кај Бристол Сити со 1-3 во неделното дерби од првото коло на Чемпионшип. Македонскиот репрезентативецот влезе во игра во 79. минута на местото на Бери Даглас.
Без разлика кое е натпреварувањето, англиските стадиони речиси секогаш се исполнети до последно место, па затоа многу често од Островот ни доаѓаат несекојдневни ситуации.
Недостига само уште еден патник во четвртфиналето на ФА Купот, откако денес пласман во четвртфиналето обезбедија Вулверхемптон, Кристал Палас и Свонси. „Волците“ во пет дена прескокнаа две рунди во најстарото клупско натпреварување во светот. На гостувањето во Бристол, екипата на Нуно Еспирито Санто славеше со 0-1 со голот на Иван Кавалиеро во 28. минута.
Англискиот гигант, Манчестер Сити е првиот финалист на англискиот Лига Куп, откако вечерва успеа по вторпат да го совлада тимот од Чемпионшип, Бристол Сити (2-3).
Во првиот полуфинален натпревар на Карабао Купот (Лига Куп), фудбалерите на Манчестер Сити на својот „Итихад“ со гол во 92. минута славеа победа против Бристол Сити со 2-1 (0-0).
Второлигашот Бристол Сити се погрижи да го направи најголемото изненадување во овогодишното издание на Карабао Купот на Англија. Во четвртфиналето пред својата публика успеа да го елиминира големиот фаворит, Манчестер Јунајтед (2-1) со гол во 93. минута на Кори Смит.
Бристол Сити го направи најголемото изненадување и го исфрли фаворизираниот Манчестер Јунајтед (2-1) од четвртфиналето на Карабао Купот. Кори Смит во 93. минута донесе историски гол за домаќините, кои им се придружија на Манчестер Сити, Челзи и Арсенал во полуфиналето.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва во рамките на Лига Купот играат против тимот на Бристол Сити, а менаџерот на англискиот второлигаш, изјави дека е среќен што ќе се сретне со Жозе Мурињо.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски, се врати во првиот состав на Лидс Јунајтед и поранешниот англиски великан, по три порази во низа, конечно ги израдува своите фанови со убедлива победа.